Русија ја прошири листата на државјани на Обединетото Кралство за кои ќе биде забранет влез во оваа земја, јавува aгенцијата Анадолија (АА).
„Нотата ѝ е предадена на амбасадорката на Обединетото Кралство во Москва, Деборахи Бронерт“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на официјалната интернет-страница.
Министерството за надворешни работи на Русија конкретно не го наведе бројот на луѓето кои се најдоа на црната листа, но кажано е дека листата вклучува луѓе кои се вмешани во ескалацијата на активностите на антируските санкции.
Во октомври Обединетото Кралство воведе санкции за руските државјани, кои наводно се вмешани во инцидентот со труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Во август Навални (44) наводно е отруен со нервен агенс „новичок“.
Европската Унија и уште неколку земји воведоа црни листи на луѓе вмешани во случајот со Навални.