Новогодишна елка стана симбол на празниците ширум светот. Дали знаете зошто се става ѕвезда на врвот на ова зимзелено дрво?
Првиот доказ за украсување на елката датира од единаесеттиот век. Во Германија елката за Божиќ се украсувала со црвени јаболка, во Западна Германија се украсувала со колачиња од разни форми и свеќи, како симбол на Исус и вечната светлина.
Овој ритуал низ вековите се проширил низ цела Европа.
Во Англија, првата елка ја украсил принцот Алберт во 1841 година. Таа била украсена со подароци, лмашни, хартиени цвеќиња и бонбони. Многу бргу, овој прекрасен обичај се проширил од високата класа на обичните луѓе.
На почетокот, јаболките биле ставани на зелените гранчиња, потоа почнало да се ставаат колачиња, ореви, сливи и урми, машни. Легендата вели дека еден германски дувач на стакло бил многу тажен затоа што немал пари да купи украси за јадење за новогодишната елка за своите деца, па затоа решил да направи стаклени топчиња. Неговите украси предизвикаа вистински еуфорија кај луѓето, така што тој со помош на овој случаен изум подоцна и се збогатил.
Украсувањето на елката завршува со ставање нa ѕвезда на врвот.Тоа го означува почетокот на празничната атмосфера во нашите домови.
Ѕвездата на врвот на елката традиционално се поврзува со Божиќните празнувања, опеана во многу песни и претставува најважен настан во историјата на христијанството, раѓањето на Исус Христос.
Легендата вели дека еден ангел, во моментот кога се родил Исус, се сожалил што елката нема плод и дека не може, како и другите што дошле да му се поклонат на Божјиот Син и да му даде нешто, зел ѕвезда од небото и ја поставил на врвот на елката, а таа се свиткала и му ја подарила на бебето Исус.
Во официјалната христијанска историја запишано е дека во моментот на раѓањето на Исус, на небото се појавила сјајна ѕвезда „Витлеемската ѕвезда“, која објавила дека е роден синот Божји.