Утре во 18 часот ќе се одржи лидерската средба која денеска ја закажа премиерот, Зоран Заев.
Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија – соопштија попладнево од Владата.
Средбата ќе се одржи во Клубот на пратеници.