Поради непочитување на работното време, сопствениците на два угостителски објекти, еден во Облешево, другиот во Кочани, заработија кривична пријава.
„Вчера во 18.35 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект во с.Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата, односно не било почитувано работното време“, информираат од Полицијата.
„На 30.12.2020 во 00.32 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект на ул.„Димитрие Лазаров“ во Кочани, при што биле затекнати неколку лица,“пишува во полицискиот билтен.
По комплетирање на двата случаи против одговорните лица ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.