Ja отворија деценијата со освојување на титулата на првиот „фајнал фор“ во Келн, ја затворија на ист начин. Тогаш Филип Јиха во зенитот на својата кариера ги водеше црно-белите до втора европска титула, две години подоцна и до трета, а два дена пред истекот на деценијата го одведе Кил до четврта, но како млад тренер. Јиха стана првиот играч кој со еден тим го покорил Келн и како играч и како шеф на стручниот штаб. Кил одигра спектакуларно против моќната и фаворизирана машинерија на Барселона, славејќи со 33:28 (19:16).
Повторно тимот на кој му се дадени најмалку шанси го освои трофејот во земјата на чудата наречена „Ланксес Арена“. Барселона загуби меч по скоро 17 месеци и тоа онаа најважната, финалето на елитното натпреварување, од тимот кој минатиот месец двапати рутински го совладаа. Во Келн е поинаку.
Кил водеше од самиот почеток до крајот, единственото водство на Барселона беше 3:2 на почетокот. Врвната дисциплина во првото и чудесниот Никлас Ландин во второто полувреме, елементи беа на играта на Кил кои ја испратија последната „златна рака“ онаму каде што заминала првиот пат – на северот на Германија, на брегот на Балтикот.
Кил од самиот почеток го прифати ритамот на Барселона и беше подобар во таквата игра. Барселона правеше некарактеристично многу грешки, нешто кое дисциплинираните Германци знаеја да го казнат. Поведоа со 6:4, чуваа плус два преку добриот напад предводен од Сагосен, а имаа и расположен голман, бидејќи Мелер не успеа да ја повтори партијат од полуфиналето во првите 10 минути.
Нешто побавно се играше во почетните моменти од второто полувреме. Барселона намалува на 21:19 со два гола без одговор на ривалот и имаше напад да се доближи на само еден гол заостанување. Ландин му одбрани на Циндриќ, а Филип Јиха веднаш реагираше со тајм-аут. По одморот, на сцена настапи Никлас Ландин. Пет одбранети зицери и три шутеви од „надвор“ за 19 минути игра во продолжението, но неговите соиграчи не искористија четири напади за максимални плус шест, па Абељо намали на 26:23.
Постот од шест минути без погодок за својот тим го прекина сјајниот Вајнхолд, а налетот на ривалот го одби Сагосен со преубав гол за 28:24, седум минути при крајот. Точно четири минути пред завршетокот на финалето, при водство на Кил од 29:26, Чави Пасквал побара тајм-аут и нареди силни напади „еден на еден“, во обид да изнуди исклучување. Тоа не се случи и Кил го искачи европскиот ракометен врв.
Извор:
balkan-handball.com / Marko Marjanovic
Фото:
olympicchannel.com
depositphotos.com