„Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште!” Останаа запаметени овие зборови на спортскиот новинар Тони Стојановски, кој го коментираше натпреварот меѓу македонската репрезентација и репрезентацијата на Грузија, која ја однесе нашата препрезентација на Европското првенство.
Од денеска, зборовите на коментаторот од фудбалската еуфорија, добија и друг облик. Тони Стојановски денеска беше поканет во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), каде му беше приредено пријатно изненадување. Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини го пречека новинарот и му ја покажа плакетата со неговите зборови која ќе ги краси ѕидовите на федерацијата.
Погледнете во видеото од линкот: