Дали вашиот партнер ја гледа чашата со вода како полуполна, или пак, како полупразна? Дали очекува работите да се движат кон подобро или кон полошо? Тоа е важно, бидејќи го одредува начинот на кој неговиот карактер може да влијае врз вашето ментално здравје – тврдат експертите.
Истражувачите од Универзитетот во Мичиген во Источен Лансинг откриле дека со своето оптимистичко размислување, едно лице може да му помогне на својот партнер на долг рок и добро да влијае на неговото физичко и ментално здравје – пишува Medical News Today.
Моќта на оптимизмот е толку силна што може да помогне во борбата против ризикот од разни здравствени проблеми, како што се деменција и Алцхајмерова болест, бидејќи парот расте заедно.
Студијата следела 4.457 хетеросексуални парови во текот на осум години.
„Постои потенцијална врска помеѓу бракот со оптимист и спречувањето на когнитивниот пад. Оптимистите прават секакви здрави работи. Тие се физички поактивни, одржуваат здрава исхрана и избегнуваат штетни работи како што се лекови и алкохол“, изјавил д-р Вилијам Чопик, коавтор на студијата.
Извор: avaz.ba