Ореви и чоколадо го сочинуваат „срцето“ на рецептот кој ви го претставуваме денес. Станува збор за превкусни колачи, кои се приготвуваат многу едноставно, а состојките и начинот на подготовка ќе ги најдете во продолжение:
Состојки:
150 гр ореви
2 јајца
60 гр шеќер
ванилин шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
270 гр брашно
прашок за пециво
10 лажици шеќер
За глазура:
6 лажици вода
150 гр чоколадо
10 лажици шеќер
6 лажици вода
50 гр мелени бисквити
Подготовка:
Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Изматете, па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Промешајте со рака и додадете ги мелените ореви.
Истурете ја смесата во тава која претходно сте ја подмачкале и во која сте наросиле брашно. Печете на 180 ° C 35 минути.
За глазурата: Растопете го шеќерот со вода, а потоа тргнете го од оган. Додадете ги чоколадото, оревите и мелените бисквити. Промешајте. Со оваа глазура прелијте ја смесата со бисквитите, а потоа посипете со сецкани ореви и изладете.
Фото: PrtSc / IGY THE COOK
Извор: informer.rs