Мед и каранфилче: Народни лекови за воспалено грло – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 10:42 PM

Мед и каранфилче: Народни лекови за воспалено грло

„Лековите“ кои ги правеле нашите баби може да бидат доста ефикасни во борбата против настинката.

Доколку не реагирате, воспалението на крајниците може да премине во некоја посериозна состојба, а за да се ослободите од ваквото воспаление, може да ви помогнат неколку „дарови“ од природата.

Супа со лук

Против воспалението на крајници може да се изборите со супа со лук (независно дали бел или црн), а може да го користите рецептот кој сметате дека најмногу ви одговара. Мал совет: во супата додајте зачини кои содржат витамин Ц, но и други како што се ѓумбирот и црниот бибер.

Жалфијата како добар антисептик

Кога крајниците се восплени, жалфијата може да ви биде добар сојузник. Поточно, треба да правите гаргара со чај од оваа билка. Жалфијата освен што е добра за борба против микробите, делува смирувачки и ги ублажува тегобите. Исто така, жалфијата е позната и по своите антисептички својства.

Цитрусно овошје и витамин Ц

Витаминот Ц кој се наоѓа во цитрусното овошје е од голема помош кај стрептококата. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем. Освен цитрусно овошје, во ваков случај може да конзумирате и црвена пиперка.

Каранфилче и мед

Еден од најдобрите природни лекови за лечење на воспалените крајници како кај децата, така и возрасните е следнава комбинација:  сварете 100 мл вода со 5 каранфилчиња, а кога малку ќе се олади, додадете една лажица мед и сок од еден лимон. Повторете го ова три пати во текот на денот и воспалението на крајниците ќе стане минато.

 

Извор:  mondo.rs