Познато е дека храната која е богата со шеќери негативно влијае на целото тело – го забавува метаболизмот, предизвикува емоционална зависност, но и други здравствени проблеми. Доколку сакате постепено да се одвикнете од шеќерот, постојат пет чекори кои ќе ве однесат до целта.
Направете план
Мора да сфатите дека речиси е невозможно да се одречете од шеќерот во еден ден. Слатките работи предизвикуваат и емоционална и физичка зависност, па ќе морате да се борите против нив неколку недели. Направете план кој ќе го следите: кои слатки работи ќе ги елиминирате први, а кои последни.
Заборавете на благите пијалоци
Првата работа што треба да ја одбиете се благите пијалоци. Престанете да бидете газирани сокови или течности во кои претпочитате да ставите шеќер. Најдете некоја здрава алтернатива – вода за детоксикација, минерална вода, незасладени чаеви, или пак, свеж сок.
Ослободете се од навиките
Многу родители уште од детството ги наградуваат своите деца со слатки работи кога ќе направат нешто добро. Таквата навика потсвесно ни останува и понатаму. Ќе завршите добро некоја работа па ќе изедете чоколада. Вреди да се ослободите од ваквата емоционална зависност.
Не мислете дека слатките работи позитивно влијаат на вашето расположение
Да јадете слатки работи кога сте тажни не е добра идеја. Иако ќе се чувствувате подобро во првите минути откако сте изеле парче торта, подоцна ќе се чувствувате полошо. Потоа повторно ќе посакате слична храна и тогаш веќе се наоѓате во затворен круг.
Конзумирајте повеќе влакна
Влакната се одлично „средство“ за елиминирање на апетитот. Храната богата со влакна го одржува телото сито и спречува да бидете гладни. Влакната во големи количини се наоѓаат во житарките и во овошјето.
Извор: stil.kurir.rs