Во болниците има вкупно 985 ковид-пациенти, слободни се околу 320 кревети – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 5:49 PM

Во болниците има вкупно 985 ковид-пациенти, слободни се околу 320 кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 985 – соопштија попладнево здравствените власти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 31 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород – информира Министерството.