Полицијата кај штипјанец заплени 15.000 парчиња пиротехнички средства – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 3:45 PM

Полицијата кај штипјанец заплени 15.000 парчиња пиротехнички средства

По добиени оперативни созаннија, полициски службеници од СВР Штип денеска при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Штип.