Угостителските објекти во Србија на 31 декември и први јануари ќе работат до 18 часот, а продавниците до 20 часот. Ваква одлука донесе владата на Србија на денешната седница, потврдувајќи ги мерките кои Кризниот штаб ги усвои во однос на Нова година.
Кризниот штаб на вчерашната седница ја донесе одлуката на 31 и први јануари рестораните и кафулињата да работат до 18 часот, а продавниците за прехрамбени производи и трговските центри да работат до 20 часот.
По први јануари угостителските објекти се враќаат на мерката за работа до 20 часот.
Мерките кои ќе се вратат по први јануари ќе бидат на сила до 11 јануари, кога треба да се разгледа воведување на нови или евентуално олабавување на постоечките мерки.