Државниот јавен одбвинител Љубомир Јовески информира дека истрагата за предметот „Империја” е во тек и дека постапката се наоѓа во фаза на вештачење.
– Постапката за овој предмет е во фаза на вештачење, а се преземаат и други дејствија. Очекуваме во некое рационално време да биде изготвено мислење од вештите лица, истакна Јовески на денешниот онлајн брифинг со новинарите.
Случајот „Империја” го отвори СЈО, а меѓу осомничените е и бизнисменот Јордан Камчев. Истрагата за овој случај сега ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.