Дисциплинска постапка против пет обвинители, еден си дал оставка – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 1:12 PM

Дисциплинска постапка против пет обвинители, еден си дал оставка

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески потврди дека е поведена дисциплинска постапка против пет јавни обвинители за сторени повреди во работењето, а еден обвинител од ОЈО Скопје си дал отказ за нестручно работење.

Квалитетот на работењето на јавните обвинители се оценува преку усвоен Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување. Со овој Правилник ќе се оценува работата на секој обвинител посебно.

– Во оваа година обвинителствата постапуваа против над 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Само за време на вонредната состојба беа поведени и се завршени постапки против 3.500 лица за непостапување според здравствените прописи, изјави Јовески на онлајн средбата со новинарите.