(ФОТО) Замрзнатиот водопад Мурадије во Турција нуди уникатни пејзажи – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 9:10 AM

(ФОТО) Замрзнатиот водопад Мурадије во Турција нуди уникатни пејзажи

ВАН 

Водопадот Мурадије, природно чудо во областа Мурадије, во Општината Ван во Турција, делумно замрзна како последица на студеното време што започна по снегот што падна минатата недела, јавува Агенција Анадолија (АА).

Водопадот Мурадије, кој привлекува илјадници локални и странски посетители, секое годишно време фасцинира со различната убавина. Водопадот во зимскиот период заличува на травертините во Памуккале.

Дел од водопадот на потокот Бендимахи е покриен со мраз поради температурата на воздухот, која падна на 18 степени под нулата.

Замрзнатиот водопад, висок околу 15 метри, и мразот што се формираше на гранките на дрвјата поради студеното време, создадоа преубава незаситна глетка.

Поради студеното време, замрзна и површината на потокот Бендимахи.

Фоторепортерите во регионот го фотографираа делумно замрзнатиот водопад Мурадије и потокот Бендимахи, чија површина е покриена со мраз.

Фоторепортерот Озкан Курт во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека живее во областа Ерџиш и дека заедно со колегите фоторепортери го посетиле водопадот.

Тој истакна дека водопадот Мурадије во зимскиот период поради студеното време има поинаква убавина.

„Ова е многу убаво место. Водопадот е убав за време на летото и за време на зимата. Водопадот, кој сега е делумно замрзнат, создаде пејзаж што потсетува на травертините во Памуккале. Ние ќе го фотографираме водопадот и фотографиите ќе ги ставиме во нашите архиви. Исто така ќе ги споделиме на нашите профили на социјалните медиуми и ќе придонесеме за промоцијата на регионот“, рече фоторепотерот Курт.