„Пастата за заби имаше мирис на бензин“: Коронавирусот го пореметува чувството за мирис – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 11:38 PM

„Пастата за заби имаше мирис на бензин“: Коронавирусот го пореметува чувството за мирис

Експертите открија дека кај пациентите со ковид-19 доаѓа до губење на мирисот поради тоа што вирусот ги оштетува нервните завршетоци на рецепторите во носот.

Губењето на чувството за мирис е еден од симптомите на ковид-19, но оние кај кои оздравувањето од оваа болест трае повеќе, сведочат дека чувствуват непријатни мириси дури и неколку месеци откако се имат заразено со коронавирусот. Остриот, непријатен мирис на риба, сулфур и на нешто слаткасто може да биде еден од симптомите кои се јавуваат кај лицата кои подолго време се лечат од ковид.

Губењето на чувството за мирис стручно се нарекува паросмија, а тоа е еден од најчестите симптоми кај заболените од ковид-19. Значајно откритие на студиите кои ги спровеле истражувачи од UCL и UCLH  е дека акутното губење на мирисот и вкусот се најчести показатели на вирусните заболувања.

Стручните лица откриле дека до губење на мирисот доаѓа поради тоа што вирусот ги оштетува нервните завршетоци на рецепторите во носот, а токму тие рецептори му кажуваат на носот како да ги протолкува хемиските информации кои создаваат мирис. Ако тие рецептори се оштетени, може да се јави паросмија.

„Кафето имаше ужасен вкус, а кога ги миев забите со паста имав чувство како да ги мијам со бензин, беше одвратно  и ми се повраќаше“, раскажала Сара Говје, пациентка која прележала корона.

И мирисите биле ужасни.

„На почетокот се’ мирисаше речиси исто. Кафето имаше мирис како некој да пуши или како мирис на чад од автомобилски ауспух. Кромидот и лукот ужасно мирисаат, не можам ни да опишам. Со оглед на тоа што тоа се главни состојки во речиси секој оброк, готвењето стана предизвик“, открила оваа мајка на две деца.

 

Извор:  mondo.rs