Вкусно есенско уживање: Полнета тиква со ориз и цимет – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 11:03 PM

Вкусно есенско уживање: Полнета тиква со ориз и цимет

Тиквата претставува основа за многу рецепти во овој период од годината.

Тиквата содржи каротин или провитамин А, витамин  Ц и витамини од Б групата-Б1, Б2, Б3, Б6, но и фолна киселина. Богата е со минерали како што се калиум, фосфор, калциум и железо, како и со растителни протеини и белковини.

Токму поради тоа се подготвуваат разни специјалитети со тиква, а еве како можете да ја наполните и да направите прекрасен оброк.

 

Состојки:

Средна тиква

300 гр мелено месо

100 гр ориз

1 главица кромид

2 чешниња лук

Морков

200 гр кашкавал

Маслиново масло, сол и црн пипер

Мешавина од зачини за тиквата-цимет, каранфилче, мускатно оревче и гумбир во прав.

 

Подготовка:

На тиквата отсечете и’ го врвот и издлабете ја. Внатрешниот дел од тиквата исчистете го од семки и исечете го на коцки, а оризот сварете го. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги и пропржете ги на масло. Додајте го изгмечениот лук со меленото месо, а потоа и сите зачини и издинстајте.

На крајот додајте ги коцките од тиква и промешајте.

Наполнете ја тиквата со приготвениот фил и печете во рерна на 250 степени околу 1 час. По потреба додајте вода во тавата. После 1 час отстранете го капакот, посолете со ренданиот кашкавал и вратете во рерна да се пече околу десетина минути.

 

Фото:  Илустрација / Freepik

Извор:  kurir.rs