Најубавата порака за крај на 2020 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/20 10:30 PM

Најубавата порака за крај на 2020 година

Што да се каже за 2020 година…Ја почнавме со големи надежи за многу подобри денови во новата година, но имавме кратко време да ѝ се израдуваме

Кон крајот на фебруари и почетокот на март, светот го преврте едно нешто наречено ковид 19 или корона. Е тоа нешто му стави пауза на нашиот свет, ги раздели саканите, го врза во крпче социјалниот живот, децата од училиште ги испрати дома и создаде целосно онлајн свет, а сите здраствени работници пак ги извади од дома и ги испрати на бесконечни смени во првиот ред на фронтот во борбата со вирусот

Но оваа година и многу нè научи. Нè научи дека сите сме исти, дека сите сме луѓе од месо и крв и мораме да се држиме заедно ако сакаме да успееме. Нè научи дека семејството е најважно, дека не се може без луѓето кои нè прават најсреќни

Ни покажа дека можеме да бидеме силни, нè научи на емпатија, на хуманост, нè научи дека секој миг со саканите е важен, но и дека животот е еден и треба да се цени секоја секунда

Но и ни даде креагивност за да поминуваме низ тешките денови, и пред сѐ, нè научи да се надеваме

Затоа да да ја сфатиме оваа година како лекција и мудро да ја искористиме во 2021.

Ние ќе и порачаме: 2020, од тебе очекувавме дека ќе ни донесеш сѐ што посакуваме, но нè научи да го цениме она што го имаме.

Збогум 2020та, фала за лекциите.