Со доаѓањето на печалбарите се очекува раст на позитивни случаи со КОВИД 19 .Во тек е изградба на модуларна болниа која ќе го намали очекуваниот притисок врз болничките капацитети.
Модуларната болница се очекува целосно да се постави во текот на наредниот месец. Веќе е поставен бетонскиот фундамент. Болницата ќе биде на површина од 550 метри квадратни , а ќе има 55 болнички кревети. Од КОВИД центарот велат дека оваа модуларна болница ќе го растерети притисокот кој го очекуваат поради доаѓањето на печалбарите
Тој вели дека состојбата со вирусот е малку смирена, но тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат.
Инаку во тетовско дневно се евидентираат по десетина позитивни случаи на КОВИД 19.
Зоран Димовски