Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и затекнеме нарушување на законските прописи, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата Канцеларија на Инспекторатот во Тетово, Пауновски напомена дека контролите ќе продолжат интензивно и за Нова Година.
-Контролите и за новогодишната ноќ ќе продолжат исто како до сега. Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани. Верувам дека и новогодишните празници најголем дел од нив ќе ги поминат на терен. Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, истакна Пауновски.
Во однос на последниот случај во Штип, директорот објасни дека кога инспекторите дошле на самото место, објектите веќе биле затвроени.
-Нашата надлежност е пна што ќе го фатиме на лице место. Такви се законите и прописите и така мора да постапуваме. Во спротивно, ќе се соочиме со адвокати, рече директорот на Пазарниот инспекторат.
МИА