Пејачот Касапи ќе биде разрешен од позицијата кабинетски советник на Груби – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 3:17 PM

Пејачот Касапи ќе биде разрешен од позицијата кабинетски советник на Груби

Скандалот со употребата на дрога на популарниот пејач Шпет Касапи, го повлече неговото разрешување од функцијата советник во кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби.

Медиумите објавија дека пред еден месец советникот на Груби бил фатен и приведен од полицијата поради употреба и поседување на кокаин. Подоцна бил пуштен на слобода, откако некој интервенирал.

-Изутрината на редовниот понеделнички состанок првиот вицепремиер Груби ме информираше дека недозволиво е употреба на дрога, советник на највисоко ниво, дека ќе биде разрешен. И тој вчера од медиумите разбрал, изјави премиерот Зоран Заев.

Минатата недела јавноста разбра дека првиот вицепремиер Груби го советуваат водачот на навивачката група „Шверцери“, учесник во настаните на Кале Омер Буњаку и популарниот пејач на албанска музика Шпат Касапи, син на поранешната пратеничка од СДСМ, Ѓумлсере Касапи.

Кабинетските советници ги назначува вицепремиерот, со месечна надокната од над 50.000 денари.