Празничниот период е совршен за споделување на убави моменти кои се овде за да ни ги стоплат срцата како за инает на ниските температури надвор.
Вакви убави празнични моменти со луѓето одлучил да сподели Тај Мин, пијанист чиј јутјуб канал сега веќе има над 400 000 следбеници. Популарноста на платформата ја стекнал поради неговата мачка Хабуру која обожава да заспива на клавирот секогаш кога Тај свири. Периодов Тај е посветен на изведба на најголемите божиќни хитови, па покрај него и Хабуру ја има најубавата празнична музика за заспивање.
Колку неодоливо изгледа реакцијата на Хабуру додека Тај свири на пијано, можете да погледнете во прилог на видеата од јутјуб каналот на младиот пијанист.