Портрет од Оби Ван Кеноби ѝ личел на Исус, па го закачила на ѕид – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 3:05 PM

Портрет од Оби Ван Кеноби ѝ личел на Исус, па го закачила на ѕид

Кога родителите Ви се екстра религиозни, а Вие пак сте заколнат фан на „Војна на ѕвездите“, тогаш нема ништо погенијално од тоа да ги споите овие различни интереси во едно.

Токму на ваков „подвиг“ се решил Рајан Бакенен, дечко кој е голем фан на „Војна на ѕвездите“, а неговите родители се мормони и се со силни верски убедувања. Тој одлучил да спреми еден навистина уникатен подарок за своите родители во божиќен дух,  па со оглед на тоа дека ѕидовите во нивниот семеен дом од секогаш ги краселе икони со ликот на Исус, сметал дека најпаметно е галеријата да ја збогати со уште една „икона“.

Рајан одбрал фотографија на која Оби Ван Кеноби, еден од најпознатите ликови од „Војна на ѕвездите“, наликува на светец, а за среќа фацијалните карактеристики на актерот Ијан Мекгрегор делумно одговараат на начинот на кој се профилира ликот на Исус, па врамената фотографија воопшто не изгледа сомнително.

Мајката на Рајан воодушевена од поклонот од својот син, одлучила фотографијата да ја закачи на еден од ѕидовите како симбол за Исус.

„Не знам како ќе се извлечам жив од ова кога ќе дознаат дека тоа всушност не е Исус“, вели Рајан смеејќи се во видеото кое го има објавено.

Целото видео од дарувањето со „иконата“, Рајан го објави на својот YouTube канал, а ние го споделуваме во прилог за да видите поточно каква реакција имале родителите на Рајан.