(ВИДЕО) Клоп: ВБА заслужи бод – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 12:22 PM

(ВИДЕО) Клоп: ВБА заслужи бод

Ливерпул во петнаесеттото коло влезе како првопласиран на табелата во Премиер Лигата и по нерешениот резултат на Лестер и Манчестер Јунајтед и поразот на Челзи, за бранителите на титулата мечот против ВБА на „Енфилд Роуд“ претставуваше совршена прилика за „одлепување“ од конкурентите.

Но, незалудно Премиер Лигата е највозбудлива и најквалитетна лига во светот. Кога Садио Мане во 12-тата минута го отвори резултатот, впечатокот беше дека на разнишаниот Вест Бромвич ќе му се случи класичен потоп. Тоа не беше случај, бидејќи гостите од Бирмингем уште еднаш покажаа колку се „тврд орев“ за фаворитите. ВБА под палка на Славен Билиќ успеа да извади 1:1 на „Етихад“ против Сити, 3:3 против Челзи и минимално да загуби од Манчестер Јунајтед.

Ливерпул ја контролираше играта, имаше повеќе посед, сосема разбирливо, но не го проби бедемот пред голот на Џонстон. Семи Аџаџи во 82-тата минута по додавањето од Матеус Переира, навидум несмасно шутираше со глава и го совлада бразилскиот голман на мрежата на Ливерпул.

По завршувањето на дуелот Јурген Клоп имаше што да им каже и на судиите, ама и на медиумите. Го честита бодот на ВБА и додаде дека во својот живот не видел екипа која се брани на тој начин и во таква формација. На крајот сепак честиташе на бодот.

-Mислам дека Вест Бром го заслужи бодот. Вината е наша, но поенот е заслужен. Во првите минути од второто полувреме имавме подобри ситуации отколку во целото прво полувре, ситуации во кои можевме да го решиме мечот. Се случува. Игравме против ВБА кој има нов тренер и играа формација што ја немав видено во животот, 6-4, изјави германскиот стратег.

 

Празничниот период во Премиер Лигата е во полн ек. Денес од 16:00 часот Кристал Палас и Лестер го отвораат новото 16-то коло во кое Ливерпул гостува на „Сент Џејмс Парк“ кај екипата на Њукасл.

 

 

 

Фото:

teamtalk.com