Роџер Федерер за првпат во својата кариера нема да учествува на „Австралијан Опен“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 10:58 AM

Роџер Федерер за првпат во својата кариера нема да учествува на „Австралијан Опен“

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за првпат во својата кариера ќе го пропушти првиот „Гренд Слем“ на календарот.

Операцијата на коленото ќе го оддалечи шесткратниот освојувач на „Австралијан Опен“ од терените во Мелбурн.

Триесет и деветгодишниот Федерер поради две операции ги пропушти сите „редуцирани“ тениски турнири од јануари годинава. Според него и неговиот агент, пропуштањето на овој турнир на долгорочни патеки е добар потег, со оглед на возраста и повредите кои ветеранот ги влече со себе.

Некогашниот неприкосновен рекет број еден, на „Австралијан Опен“ има настапувано 21 година по ред.

 

 

Фото:

tennisworldusa.org