Нови 200 професионални војници од денеска се приклучуваат во редовите на Армијата на Република Северна Македонија.
Новите војници денеска на свеченост во касарната „Илинден” ќе ги поздрави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Со приемот на новите 200 професионални војници, вкупната бројка на новопримени во изминативе три години е 830 лица.