Променливо облачно со сончеви периоди – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 7:20 AM

Променливо облачно со сончеви периоди

Во утринските часови облачно, во источните делови се уште со услови за локален дожд, а на планините на северозапад со провејување на слаб снег. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, на запад ќе се задржи пооблачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.