Дедо Мраз на пожарникарски скали ги донесе пакетчињата за дечињата на Детска клиника – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/20 3:18 PM

Дедо Мраз на пожарникарски скали ги донесе пакетчињата за дечињата на Детска клиника

Поради пандемијата со коронавирусот, годинава Дедо Мраз на поинаков начин ги изненади дечињата хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Во точно девет часот наутро, заедно со скопските пожарникари, пожарното возило со вклучени сирени го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи ги пожарникарските скали.

 

– Министерот Филипче ги пречека  подароците на терасата на Клиниката и им ги подели на децата.
Филипче кој традиционално присуствува на предновогодишниот настан за најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства, велат од Министерството заа здравство.