Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на партиите, продолжуваме со реформите и евроинтеграциската агенда – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/20 11:35 AM

Хоџа: Владата не сака да ги коментира изјавите на партиите, продолжуваме со реформите и евроинтеграциската агенда

Владата не сака да ги коментира изјавите на политичките партии, но сака да истакне дека земјава останува посветена на евроинтеграцискиот пат, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа, одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашното обвинување на Арбен Таравари до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека води проруска политика и дека државата воопшто не спроведува санкци за Русија.

-Северна Македонија е членка на НАТО и оди понатаму, кон членството во ЕУ. Продолжуваме и со спроведување на реформите во земјата со цел еден ден да бидеме дел од европското семејство, подвлече Хоџа.