Куркумата, кралица на зачините: Како да ја конзумирате за најдобар ефект? – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/20 9:12 PM

Куркумата, кралица на зачините: Како да ја конзумирате за најдобар ефект?

Куркумата според многумина е најздрава билка на планетата, но колку и како да се конзумира за најдбар ефект?

Куркумата е број 1 од сите здрави билки на светот. Таа дава толку широк спектар на здравствени предности, што едноставно е восхитувачки. Но сепак морате да бидете сигурни дека моќната куркума вашето тело ја користи правилно. Во таа насока мора да се научи и како да се конзумра.

Куркумата содржи куркумин, изедференциран како основна активна состојка, кој постигнува повеќе од 150 потенцијални тераписки активности, а вклучува антиоксидантни, противвоспалителни и антиканцерогени својства. Не постои ниту една друга природна состојка на светот која е поефикасна во намалувањето на воспаленијата во телото, освен куркумата.

Како прво, набавете куркума во прав, која лесно се наоѓа и лесно се дозира. Не мора да се замарате со свеж корен кој во последно време може да се купи во продавниците за здрава храна, но сепак коренот е сличен на гумбирот и слично се подготвува.

Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со некоја маснотија за оптимална апсорбција на хранливите материи. Куркумата најчесто се подготвува со органско масло од кокос или со  маслинво масло.

Дневната препорачана количина на куркума треба да изнесува од 3 до 10 грама, а со тек на времето може малку да се зголеми. Тоа значи, отприлика 1 лажичка куркума е препрачан дневен внес за возрасни, а за максимално влијание овој дневен внес треба да се зема на дневна основа или барем три пати неделно.

Постарите лица и деца помали од 6 години треба да ја намалат дозата на половина, односно ½ мала лажичка еднаш неделно првиот пат, а потоа да се зголеми количината на дозата која одговара на поединецот. Ако куркумата предизвикува стомачни проблеми или несакани реакции треба да се посоветувате со вашиот доктор.

Комбинирајте куркума и црн бибер за да се максимализира дејството, а кога ќе се земат заедно, биберот ја зголемува биорасположивоста на куркумата за неклку илјада пати. Сепак никогаш не земјате куркума со бибер на празен желудник.

Доколку се борите со камења во жолчката, консултурајте го вашиот доктор, пред куркумата да ја додадете во својот план за исхрана, бидејќи куркумата го зголемува производството на жолчната течност и може да ја влоши вашата здравствена состојба.

Куркумата никогаш не комбинирајте ја со лекови против згуснување на крвта како аспирин, ибупрофен или варафарин, бидејки таа исто така, ја разредува крвта.

Кој е најдобриот облик на конзумирање?

Измешајте ¼ мала лажичка кукрума со1/2 мала лажичка малиново масло. Во тоа додадете прстофат свежо мелен црн пипер. Овие 3 состојки измешајте ги во чаша. Оваа смеса можете да ја конзумирате како таква, но може да се додава и во разни јадења, супи и салати. Притоа треба да внимавате на тоа дека ако се користи во варени јадења истата не треба да се вари премногу, туку да се додаде на самиот крај.

Многу популарен е и чајот од куркума:
*1 чаша топла, но не врела вода
*1/4 мала лажичка куркума
*сок од половина лимон
*прстофат цимет
*на врвот од мала лажичка мед
*1 лажичка кокосово масло

Подготовка:
Откако ќе се загрее водата, додајте ја куркумата, лимоновиот сок и мед, лажичка кокосово масло и добро промешајте. Куркумата ќе се наталожи на дното на чашата, затоа продолжете да ја мешате водата. Погрижете се чајот да го испите додека е топол.

При готвење

Додавањето куркума кај готвењето е многу популарно и практично, бидејќи таа дава убава жолта боја, а нема вкус кој целосно ја презема аромата на јадењето. Куркумата може да се користи во подготовката на слатки и солени јадења, можете да ја додадете во рижото, овошни салати, сосови за салати, јадења од зеленчук, кус кус, компир, палачинки и колачи. Вообичаено е доволно само1/2 до 1 лажичка куркума и немојте да претерате, бидејќи јадењето ќе има премногу интензивен вкус.

Куркумата кога тоа е возможно, додајте ја во јадењето на крајот бидејќи на тој начин максимално ќе ги сочувате нејзините лековити својства.

 

Извор:  atma.hr