Уживањето во храната кое доаѓа „рака под рака“ заедно со празниците не’ одвраќа од идејата за физички активности, но иако сепак потребно е да имаме физички активности за да ги избегнеме проблемите кои ги носат вишокот килограми. За среќа, за ова да го реализираме не секогаш ни е потребна теретана. Дури и активностите за кои сметате дека не се поврзани со некои физички задачи, може да придонесат за топењето на килограмите.
Прошетка со кучето
Најдобриот пријател на човекот треба да излезе надвор, пред се’, поради своите физиолошки потреби. Одличната вест во врска со ова е дека во текот на едночасовна прошетка со кучето може да стопите околу 200 калории.
Домашни работи
Во домот секогаш има работа, па токму домаќинските обврски може да ги користите за губење на калориите. За еден час би можеле да стопите и до 300 калории. Исчистете со правосмукалка, избришете прашина, исчистете ги подовите или купатилото. Линијата за сето ова ќе ви биде благодарна.
Миење на автомобилот
Ако одлучите сами да го чистите автомобилот сметајте дека би можеле да потрошите околу 500 калории за два часа, колку што всушност е и потребно за темелно да го исчистите автомобилот.
Гледање телевизија
Има добра вест за оние кои не сакаат да прават ништо, освел да гледаат телевизија. Гледањето на омилениот филм придонесува да потрошите и до 70 калории за еден час. Само внимавајте додека го гледате филмот да немате покрај вас нешто калорично за грицкање.
Извор: rs.n1info.com