Победете ја настинката со помош на пет намирници – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/20 8:04 PM

Победете ја настинката со помош на пет намирници

Постојат неколку намирници кои би можеле да ви бидат сојузници во борбата со настинката. Кога сме болни, вообичаено е храната да не ја доживуваме со некој голем оптимизам, но вистинскиот избор на храна всушност може да го олесни текот на болеста, да ни помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем и побрзо опоравување.

Кои се намирниците кои може да ви помогнат да се изборите побргу со настинката прочитајте во продолжение:

Чај од камилица

Камилицата придонесува за зголемување на антибактериските активности на телото, а исто така го заштитува имунолошкиот систем и го подобрува сонот. Една студија покажала дека жените кои неодамна станале мајки, конзумирајќи чај од камилица во текот на неколку недели, спиеле многу подобро од оние кои не пиеле ваков чај. Чајот од камилица е подеднакво добар топол или изладен, а може дасе користи и за правесе овесна каша, или пак, да се додаде на други напитоци.

Суви вишни

Сувите вишни исто така се богати со антиоксиданти. Тие го намалуваат ризикот од појава на проблеми со горните дишни патишта, но исто така го зајакнуваат и имунитетот. Вишните содржат мелатонин, па токму поради тоа придонесуваат за поздрав сон. Кога луѓето се наспани, помали се шансите да се разболат.

Ореви

Оревите се дел од најдобрите антииламаторни намирници. Тие содржат повеќе хранливи состојки кои се важи за поддршка на имунитетот, вклучувајќи ги бакарот, фолната киселниците, но и витамините Е и Б6. Оревите го намалуваат нивото на стрес,  а неконтролираниот стрес го слабее имунитетот. Оревите и сувите вишни се одлични доколку сакате нешто да грицкате кога ви е здодевно.

Маслиново масло

Ова масло е преполно со антибактериски својства. Антиоксидантите штитат од многу воспаление, но и од дијабетес и од обезност. За да го постигнете посакуваниот ефект, доволно е да додадете неколку капки маслиново масло во вашата омилена салата.

 

 

Фото:  Илустрација / Freepik

Извор: republika.rs