Во 93.година од животот почина Милка Бабовиќ, долгогодишна хрватска спортска тв-коментаторка, која многумина од екс-југословенските простори ја паметат уште, особено по коментарите од преносите од уметничко лизгање и од атлетика. Боледувала и од други болести, но кронавирусот на крајот, сепак, бил кобен.
Родена е во Скопје во 1928 година. Се школувала во текот на војната во Сараево, Рума и во Белград, а во Загреб се преселила во 1948 година.
Во младоста била и врвна атлетичарка, 17 години првак на Југославија и била нејзина повеќегодишна репрезентативка.
Извор и фото: „Вечерњи лист“.