Два угостителски објекта во Скопје, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици санкционирани бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволеното работно време, кое, поради пандемијата, е до 18 часот.
-Вчера во 18:55 часот на подрачјето на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19:00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
Исто така, вчера во период од 18 до 22 часот на подрачјето на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Вчера околу 20.00 часот извршена е контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на А.Ш. (24) од Тетово и констатирано е дека објектот работи по дозволеното време и имало послужено 12 гости. А.Ш. е лишен од слобода, а објектот е времено затворен инспектори од СВР-Тетово во соработка со Државниот пазарен инспекторат по документирање на случајот ќе поднесат соодветна пријава против А.Ш., а во врска со чл.206 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.