Утрово и во Хрватска стигна Фајзеровата вакцина – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/20 9:29 AM

Утрово и во Хрватска стигна Фајзеровата вакцина

Со транспортни фрижидери од Белгија, утрово околу 6 часот стигна вакцината и во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.

Вакцинирањето во Хрватска, како и во другите земји-членки на ЕУ, ќе почне утре. Вакцинирањето ќе биде бесплатно и доброволно.

Во првата пратка Хрватска доби 9.750 дози вакцини, а таа имала вкупно нарачано 5 милиони и 905 илјади дози.