Време: Врнежлив викенд, од понеделник пак „пролетна зима“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/20 7:59 AM

Време: Врнежлив викенд, од понеделник пак „пролетна зима“

Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Денеска, според УХМР, максималната температура до 14, утре до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд. Се очекува и благ пораст на дневната температура која во вторник и в среда треба да достигне до 15 степени.