Владата даде зелено светло: Министерството за одбрана ќе набави лесни оклопни возила од САД – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 10:07 PM

Владата даде зелено светло: Министерството за одбрана ќе набави лесни оклопни возила од САД

Владата на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави и донесе одлука да се  продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември 2020 година.

Владата го овласти државниот секретар на Министерството за одбрана да го потпише амандманот/анексот MK-B-UCC (A1) од 21 декември 2020 година на договорот за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со Владата на САД со што ќе се смета дека меѓувладиниот договор за амандман/анекс на Договорот за набавка на ЛОВ е доделен и склучен.

Со оваа одлука Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на амандманот/анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот на Министерството за одбрана за 2020 година во висина од 762.000.000 денари до Владата на Соединетите Американски Држави.

-Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со Владата на Соединетите Американски Држави за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата на Република Северна Македонија ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од владината прес-служба.