Денес е католичкиот Божик, се слави Христовото раѓање. Како изгледа божиќната трпеза и што се прави на овој голем ден дознавме од хрватската водителка Вјекослава Бах, која за ММС ги отвори вратите од својот дом во Загреб, за да ни ја покаже празничната атмосфера. Вјекослава ја имала таа среќа во животот по два пати да слави Бадник, Божик и Велигден, бидејќи по татко и го слави католичкиот, а по мајка и православниот.
-Јас сум благословена од Бога што можам да славам два Божика. Така правеше и мајка ми, а и јас ја продолжив таа традиција. И поради неа,но и поради мојот сопруг, кој е од Белград и го слави православниот Божик. На католичкиот Бадник, како и на православниот задолжително се пости. Се подготвува риба, најчесто бакалар. Тој ден традиционално се собираме низ град за да наздравиме и да го дочекаме Божик.. Секоја година на Бадник кај нас концерт имаат „Нови Фосили“ и „Фрајле“ и тие почнуваат напладне, па со друштво одиме и на двата концерта. Малку на еден, па малку на друг. Но, оваа година се е специфично, па така и тоа. Годинава се видовме со луѓе на отворено, само со варено вино и кафе „to go“, но ете и тоа имаше некоја магија. Потоа се оди на ручек, на бакалар и попладнето се користи за да се подготви се што е потребно за божикната трпеза. На полнок се оди на полноќна миса во црква, што лично мене ми е преубаво. На полноќ е многу раскошно, свечено, се пеат традиционални божикни песни и се дочекува Божик, вели Вјекослава.
Таа сама се грижи за бадниковата и божикната трпеза, благодарејки на сите работи што ги научила од мајка и.
-За божикната трпеза порано беше задолжена мајка ми, но од кога почина јас ја наследив. Оваа година можам да и се заблагодарам на мојата другарка Сандра која беше задолжена за колачите. Нејзината керкичка Никол со задовослтво ги правеше заедно со мојата керќа Матеа.
Божик за деца е многу интересен затоа што имаат можност да прават ситни колачи, баш како што сакаат, да ја украсуваат елката како што сакаат, вели таа.
Домот на Вјекослава веќе е накитен и по нејзина желба светнаа две елки, едната природна другата вештачка. За празничната атмосфера дотерани се и трите кучиња што ги чуваат со соругот.
-Јас уживам во тоа украсување и затоа веќе на средината на декември цел стан го украсив со разни детали. Многу сакам лами, елки, па затоа имам две- едната е жива со шарени топчиња, а друга е вештачка, бела само со сијалички и големи украси. Сместена е во еден дел од станот, кој го нарекев “мојата бајка од мраз”.
Имам и едни јасли, тие ги купи уште мојот починат татко. Многу, многу се стари, над 40 години и јас ги чувам како нешто предраго и преважно. Обичај кај мене дома е задолжително, кој и да дојде, кај мене мора да пее традиционални песни. Задолжително седнувам на клавирот и пееме, со чаша варено вино. Минатата година добивме варено вино од другари што ја имаат винаријата „Шафран“, но годинава јас сама го правев и да се пофалам воопшто не е лошо.
Јас и мојот маж имаме три кучиња и нив ги накитивме да бидат во божикно издание, раскажува таа и додава:
-Со задоволство ќе го дочекаме и православниот Божик, а за тоа повеќе ќе биде задолжен мојот маж. Порано тој Божик задолжително го славев во Скопје, на моето Водно, со мојата македонска фамилија и лепче со паричка правевме. Тоа навистина беше голема радост за нас децата. Така да традицијата ќе продолжи, а ако даде Господ и мојата ќерка ќе ни се придружи на православниот Божик, па да го кршиме лепчето.
Се надевам дека мојот сопруг Жељко ќе го направи лепчето, бидејќи е експерт за тоа.
Овој ден водителката е посебно среќна, вели орхидеите и се расцветале токму денес.
-Орхидејата беше омилено цвеќе на мајка ми и замисли денес на Бадник ми се расцвета една. Тоа мајка ми дојде да ме гушне за Божик, ни рече водителката.