Тетовската полиција привела педесетгодишно лице кај кое се најдени 1100 парчиња пиротехника во рамки на засилените контроли за сузбивање на ваквата продажба. Најголем дел од пиротехничките материјали биле петарди.
-На улица 146 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле З. К. (50) од Тетово, кај кого биле пронајдени и одземени 1116 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по Законот за заштита од експлозивни материи, – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Пред два дена беа запленети над 2000 пиротехнички средства во Тетово, а приведени две лица. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали.