Тројца рудари загинаа, а седуммина се водат за исчезнати во свлечиште во филипинската провинција Џебу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени на „Инквајерер нет“ (Inquirer Net), тајфунот Вики кој е активен на Филипините, со себе донел поројни врнежи од дожд кои предизвикале свлечиште во рудникот во градот Толедо во провинцијата Себу.
Властите објавија дека 3 рудари ги загубиле животите, а 7 се исчезнати.
Најмалку 8 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови на островот Лузон на Филипините изминатиот викенд.
– Тајфуни што во последно време се активни на Филипини
Тајфунот Молаве кој беше активен на крајот на октомври е причина за смртта на 22 лица на Филипини, а 16 лица починаа поради тајфунот Гони на почетокот на ноември.
Околу 1 милион луѓе беа евакуирани од своите домови на островот Лузон поради тајфунот Гони, за кој се тврди дека е најсилниот тајфун на годината.
Во поплавите предизвикани од тајфунот Вамко, кој ја зафати земјата во ноември, загинаа 67 лица.