Во Велика Британија веќе почна масовната вакцинација, а наскоро се очекува тоа да се спроведе и во остатокот од Европа. Ако сакате да се вакцинирате за да се заштитите од ковид-19, а се плашите од игли, послушајте ги советите на медицинските работници.
Кај некои луѓе стравот од игли е поголем од загриженоста поради коронавирусот. Ваквиот страв може да се создаде како резултат на некое претходно негативно искуство. Доколку чувствувате страв не мора да се срамите бидејќи секој десетти човек има длабоко вкоренет страв од игли – покажува истражувањето на Anksioz UK.
Докторката Сју Пикок, советник за здравствена психологија и авторка на книгата „Болка во главата“ вели: „Луѓето кои имаат фобија од игли кога биле деца морале да прават бројни крвни испитувања, па стравот од игли и инјекции понекогаш, но не секогаш, доаѓа од лошите спомени врзани со детството“.
„Со текот на годините спроведував сопствено теренско истражување на оваа тема. Верувајте ми тоа е многу често, открив испитувајќи ги луѓето. Фобијата од игли би можела да биде најголема причина за прераната смрт“, вели Карл Ролисон, терапевт специјализиран за трипанофобија (стручно име за фобијата од игли).
Оваа фобија би можела да влијае на текот на пандемијата доколку премногу луѓе одбиваат да бидат вакцинирани – сугерираат експертите.
Сите ги сакаме назад работите кои ги земавме „здраво за готово“ пред околу една година, но тоа ќе се случи само ако мнозинството добие вакцина – смета Ролисон.
Експертите веќе искажаа загриженост поради нивото на отпор што веќе постои, односно британските медиуми пренесоа дека едно од пет лица се противи на вакцинирањето.
Ако и вие имате фобија од игли, прочитајте што може да преземете за да се чувствувате подобро:
Барајте подолга средба со лекарот
Ако сте загрижени поради терминот за вакцинирање, кажете му го тоа на лекарот. Тој можеби ќе овозможи некој продолжен термин за да не чувствувате притисок да побрзате со постапката.
Одвлекување на вниманието
Медицинската сестра би можела да ви помогне во соочувањето со постапката. Не грижете се, луѓето што внимаваат на вас нема да бидат изнервирани, а и не би требало да ви биде незгодно поради тоа. Можете да понесете со себе книга или списание, или пак на телефонот да ги гледате вашите омилени фотографии и видеа. Доколку ви дозволат, со вас нека дојде некоја личност што ви е блиска и ќе ви помогне да се смирите додека сте таму. Некои сметаат дека броењето полека исто така може да биде корисно бидејќи додека да дојдете до 10, сестрата веќе ќе ве боцне.
Техники на дишење
Ако чувствувате паника, забрзано срцебиење и можете да научите неколку вежби со дишење за опуштање:
Седнете во удобна положба, со исправен грб. Опуштете ги рамењата и вилицата.
Спуштете ја една рака на стомакот. Вдишење длабоко, полека, нежно низ нос па низ уста.
Вежбајте ја оваа вежба три пати секој ден во текот на неделата.
Техника на напнатост
Ако чувствувте слабост дури и при помислата на игли, може да ја примените техниката на напнатост. За многу луѓе стравот од игли е поврзан со несвестица. Кога ќе се „активира“ стравот отчукувањето на срцето, но и крвниот притисок се зголемуваат, а потоа бргу се намалуваат. Токму ваквиот пад може да предизвика онесвестување. Примената на оваа техника ќе ви помогне да ги зголемите крвниот притисок, односно да постигнете нормално ниво за да не се онесвестите.
Седнете негде удобно
Затегнете ги мускулите на рацете, горниот дел од телото и нозете и држете ја оваа напнатост или затегнатост од 10 до 15 секунди .
Ослободете се од напнатоста и вратете се на вообичаената положба за седење.
По околу 20 до 30 секунди, повторно поминете низ процесот на затегнување додека не почувствувате топлината на лицето.
Повторете ја оваа постапка пет пати.
Ако можете, практикувајте ја три пати на ден околу една недела, пред да преминете на справување со вашиот страв.
Извор: 24sata.hr