(ФОТО) Шокантна „честитка за Божиќ“ од Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот го навлече гневот на фановите низ светот – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 8:36 PM

(ФОТО) Шокантна „честитка за Божиќ“ од Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот го навлече гневот на фановите низ светот

Популарниот Ибра ионака важи за личност кој на терените и надвор од нив предизвикува лавина реакции, но честопати таквото негово однесување знаело да биде истолерирано од пошироката јавност поради неговата симпатичност и непостоечка злонамерност.

Овојпат тоа не е случај, а според фановите ширум светот Златан Ибрахимовиќ навистина ги преминал сите граници со неговата „честитка за Божиќ“, објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

Пораката на еден од најголемите христијански празници гласеше „Среќен Божиќ“, но фоторафијата која ја проследи го креираше контроверзниот момент. Ракавица на Дедо Мраз и „среден прст“ се најдоа во визуелизацијата на твитот.

 

Гневните навивачи го осудија овој гест на искусниот Ибрахимовиќ, но од негова страна засега не пристигна никакво извинување.

 

 

Фото:

en.as.com