Дуото на англискиот вице-шампион Кајл Вокер и Габриел Жезус, позитивно е на вирусот Ковид-19 по последните тестирања во клубот. Покрај нив уште двајца од стручниот штаб на „светлосините“ се исто така заразени со коронавирус.
Според здравствените протоколи на Премиер Лигата и Владата, четирите членови на Сити ќе се самоизолираат на одреден период.
Недостатокот на бразилскиот напаѓач и англискиот репрезентативец, со сигурност ќе се одрази врз селекцијата на тренерот на Манчестер Сити во овој згуснат празничен распоред во лигата. Манчестер Сити веќе утре од 16:00 часот го пречекува Њукасл на „Етихад“, а во понеделник гостува на „Гудисон Парк“ против тимот на Евертон.
Фото:
news.sky.com