Изгоре куќа во село Туденце – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/18 3:07 PM

Изгоре куќа во село Туденце

 

Пламените јазици му го уништија речиси целиот дом на семејството Тасевски во Туденце. Горниот кат од куќата е пеплосан, оштетено е и приземјето од водата со која се гасел пожарот.

Семејството вели дека оганот избил откакот на покривната конструкција удрил гром и од пламените јазици биле зафатени сите соби. Вознемирени од трагедијата не сакаа да зборуваат пред камера, но среќа во целата несреќа е што на горниот кат од нивниот дом немало никого, никој не е повреден. Пожарот кој избувна синоќа околу 22 часот е целосно локализиран во четири часот утринава.

Командирот Алити вели дека имало пожари кои избивале при удар на горм. Апелира на внимателност при неповолни временски услови.

Попладнево семејството Тасевски го посетија преставници на Општина Јегуновце  и градоначалникот, Дарко Блажевски. Општинските власти јa разгледуваат можноста семејството да добие помош потребна за санирање на домот, каде нема услови за живот.