Празниците не се единствениот виновник за зимското дебелеење – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 7:00 PM

Празниците не се единствениот виновник за зимското дебелеење

Во текот на зимскиот период метаболизмот се забразува, а за таквиот процес треба повеќе храна. Експертите велат дека телото треба да се загрее за да може ова да се избегне. Освен тоа, зиме луѓето се попоспани, па  и желбата за физички активности е помала.

Многу често за дебелеењето во овој период од годината се обвинуваат празниците. Прејадувањето за Божиќ е честа појава, но докторите велат дека причината треба да се бара подлабоко. Недостигот на сончева светлина исто така е еден од „виновниците“ за дебелеењето.

Кои се причините поради кои е полесно да се здебелиме додека е зима, прочитајте ги во продолжение:

Метаболизмот се забрзува

За време на зимата метаболизмот се забрзува. Телото троши повеќе енергија за да ја стабилизира температурата, а тоа значи дека за овој дополнителен процес ни треба повеќе храна. Природно, чувствуваме потреба за да јадеме повеќе. Експертите велат дека можеме да си помогнеме доколку телото го загрееме доволно, односно престојуваме на топло.

Клетките складираат повеќе маснотии

Едно истражување открило дека недостигот на сончева светлина може да ја зголеми способноста на клетките да складираат маснотии, што поттикнува дебелеење. Познавачите тврдат дека затоа треба многу повеќе да бидеме изложени на сонце, односно да станеме порано од спиење и да одиме на воздух.

Се подготвуваме за „зимски сон“

Луѓето се слични со мечките и тоа, многу повеќе од што мислиме. Имено, и луѓето спијат повеќе во текот на зимските месеци.  Експертите велат дека кога е студено несвесно се обидуваме да се снабдиме со повеќе калории, баш како што меччките се подготвуваат за зимски сон. Некаде длабоко во нас се’ уште живее стравот дека нема да ги пронајдеме потребните хранливи состојки.

Се обидуваме да се згрееме јадејќи

Јадењето е начин да ја зголемиме телесната температура, па многумина кога чувствуваат студ посегнуваат по храна.

Кога телото ја вари храната, тоа природно создава топлина, па затоа  и копнееме повеќе по неа. Исто така, во овој случај имаме тенденција да јадеме повеќе нездрава храна.

Но, експертите велат дека токму тоа е проблемот. Тие советуваат да јадете повеќе храна богата со здрави масти и протеини – затоа што тие намирници.

Стануваме поспани

Недоволното количество сончева светлина  поради пократките зимски денови  влијае на хормоните. Затоа се произведува мелатонинот, кој е одговорен за циклусот на спиење и будење. Така се чувствуваме попоспано, но со ова се зголемува апетитoт.  Во основа, зиме повеќе лежиме, а помалку се движиме. Обидете се да го контролирате мелатонинот така што ќе се изложувате повеќе на сонце и ќе јадете храна која содржи мелатонин. Тука се вбројуваат доматите, масилнките, житарките, па и зрната кафе.

Помалку се вежба

Со се’ наведено, се подразбира дека луѓето многу помалку се мотивирани да вежбаат за време на зимските денови. Студеното време и пократките денови честопати делуваат обесхрабрувачки за да излеземе надвор. Некои тоа го нарекуваат зимски начин на живот, а престојот на затворено може само да ја зголеми тежината. Затоа почнете да вежбате секој ден дома, или барем пешачете по дваесетина минути.

 

Извор:  24sata.hr