Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година?” беше темата на денешната конференција што се одржа во организација на ЦИВИЛ. Учесниците на конференцијата дискутираа за ЕУ интеграциите, пописот, претстојните локални избори, борба против Ковид-19 и вакцинација, реформи, правда, антикорупција, борба против дезинформациите, технологии и иновации, економија.
Националениот координатор за комуникациски стратегии Маријан Забрчанец говореше за перспективите и целите што Владата ги планира во почетокот на 2021 година. Како дел од актуелните случувања и теми ги нагласи пандемијата на коронавирусот и вакцинацијата, справување со лажните вести и дезинформациите што пандемијата ги наметна и предизвика различни ставови меѓу луѓето. Ја посочи и состојбата на државата со Бугарија, започнување на преговорите за влез во Европската Унија, се осврна и на легализација на канабисот за медицински услови како и за една од најважните теми што е од голем интерес во јавноста, пописот, што се очекува да започне во април 2021 година.
Во однос на борбата против корупција, расчистување на судството и владеењето на правото на конференцијата се обратија Билјана Ивановска директорката на Државната комисија за спречување на корупција, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.
-Треба да го продолжиме патот по кој што тргнавме во 2019 година, не е едноставен, трнлив е. како што знаете корупцијата е навлезена во сите пори, стана и начин на живеење што е многу страшно. Тоа е таа ситна корупција, но уште пострашна е законската корупција , каде што се очекува од нас да дадеме свој придонес меѓутоа не сме единствената институција во таа алка. Треба институции што ги подготвуваат законските решенија да ни ги достават на нас и да направиме антикорупциска проверка на легислативата, посочи Ивановска.
Таа истакна дека основен чекор што треба да се направи е борбата на личноста сама со себе, борбата за интегритет, борбата за законитост и слично со што се добива резултат дека нешто позитивно се случува во државата.
-Секој треба да отвори очи и да се зголеми нивото на свеста и совеста. Нивото на свеста кај граѓаните дека никому ништо не должат, а нивото на совест кај оние што извршуваат јавни функции дека никој ништо не им должи, вели Ивановска.
Како еден голем проблем, Ивановска го посочи вработувањето и злоупотребата на дискреционите овластувањата, што не овозможува квалитетни и професионални луѓе да дојдат на квалитетни работни позиции, што резулитра со тонење на државата.
Трите предизвици на ДКСК за следната година се обезбедување на автоматска обработка на процесите во институцијата, нови вработени во ДКСК и обезбедување соодветни просторни услови за работа.
Вицепремиерот Љупчо Николовски истакна дека во борбата кон правно општество и борбата против корупцијата, Владата постави јасна цел и темели во четиригодишната програма.
-Да градиме систем кој одвраќа од злоупотреби на корупција и јасно да лоцира одговорност. Пред три месеци на изборите ја добивме довербата од граѓаните и затоа имаме обврска и одговорност да се справиме со сите сериозни предизвици што ги поставува корупцијата пред нас. Бидејќи ветивме дека ќе владее правото започнуваме отворена битка во која никој што го прекршил законот нема да биде изземен од одговорност. Заедно со мојот кабинет сме целосно решени на мерки и активност што ќе придонесат во спречување на корупцијата, посочи Николовски во своето обраќање.
Тој додаде дека за ефикасни мерки и резултати потребна е вклученост на сите чинители, не само на надлежните институции, туки и на невладиниот и приватниот сектор, на медиумите и граѓаните и ги охрабри сите активно да се вклучат во оваа борба со пријавување на корупција и без страв од последици.
Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање истакна дека главната цел во работата на Министерството е во насока на заштита и унапредување на човековите права.
-На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрација на судството и обвинителството, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе направат расчистување во своите редови, вели Маричиќ.
Во период од 2019 до 2020 година се разрешени осум судии, а согласно информациите од судскиот совет има постапки за уште 83. Маричиќ додаде дека ако сакаме да успееме да станеме модерна европска држава, правда мора да има, што ќе биде еднаква и бескомпромисна за сите.
Во областа на технологии и иновации на конференцијата говореше Коста Петров директорот на ФИТР.
-Интересно е што оваа 2020 година беше пред се многу тешка година. меѓутоа од една страна секогаш се обидувам да ги гледам позитивнте работи. Секогаш зборуваме за дигитализација, а нас ни се случи дигитализација без разлика дали ние сакаме или не. Од друга страна во однос на економијата, имаме една огрома промена што за првпат зборуваме за работи за кои не се зборуваше досега. Ние денес активно зборваме за учеството на „старт апите” во македонската економија и како новиот бран на бизнисмени и претприемачи можат ја променат економијата преку нивните иновативни продукти, вели Петров.
Тој најави дека Фондот неодамна го лансираше Старт ап Советот што заедно со Владата ќе работи на сите законски измени што ќе овозможат развивање на македонскиот старт ап еко систем, кој самостојно се развива без помош од државата.
Во сферата на финансиите на конференцијата се обрати директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
-Како Управа за јавни приходи, односно единствениот даночен орган во нашата држава навистина сме исправени пред голем предизвик, бидјеќи функционираме во едно корона време кое што е несвојствено за нашата институција и секако за нашите работни процеси што се доста сензитивни и наоѓаме начини и можности да се адаптираме на условите што ни го налагаат тоа. Доказ за тоа се огромниот број на мерки што ги спроведовме како институција бидејќ бевме навистина максимално вклучени во сите пакети на економски мерки, согласно законски надлежности и уредби, истакна Лукаревска.
Таа изјави дека како институција во 2021 ќе се соочат со уште поголем предизвик, бидејќи од една страна мора да се водат кон принципот на модернизација и дигитализација, а од друга страна исто така да функционираат во специфчна состојба.
-Модернизација и дигитализација се процеси кои што секојдневно ги слушаме во извештаите на релевантните меѓународни финансиски институции како што е Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, во сите нивни извештаи се најавува неопходноста да се модернизираат и дигитализираат сите наши услови, додаде Лукаревска.
Директорката на УЈП посочи дека со успешни и ефикасни услови ќе има задоволни граѓани, компании, задоволни претпријатија и вработените во управата. Квалитениот капацитет и обновување на кадарот е исто така една од целите кон која што се стреми Управата за јавни приходи, како и кон сузбивање на сивата економија и таргетирање на несовесните и недисциплинираните даночни обврзници со помош на „Risk evaluation” системот.
Министерот за здравство Венко Филипче говореше за темата што ја одбележа оваа година, пандемијата на коронавирусот и ги најави новите инвестиции во здравствениот систем на територијата на целата држава, што ќе го решат проблемот во области каде унапредувањето на здравството е неопходно.