При инспекција синоќа во 22.15 часот во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките за спречување на ширење на Ковид 19, односно не го почитувал работното време.
-По насоки од Јавен обвинител Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти СВР Штип.