Замокот на американскиот поп-пејач Мајкл Џексон во Лос Оливос, Калифорнија, е продаден за 22 милиона долари, пренесува агенцијата Анадолија (АА).
Според вестите на „Би-би-си“ (BBC), замокот изграден на 1.100 хектари земја, го купил стариот пријател на Џексон, Рон Буркл.
Пејачот, кој почина во 2009 година, земјиштето го имаше купено во 1987 година. Потоа изгради замок кој го нарече „Неверленд“, а во градината изгради забавен парк и зоолошка градина.
Во обвиненијата против Џексон за сексуално злоставување се тврди дека пејачот замокот го користел за мамење на децата.