Се сеќавате ли на фантaстичниот голман?: Ќе се кандидира за претседател на Парагвај – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 10:41 AM

Се сеќавате ли на фантaстичниот голман?: Ќе се кандидира за претседател на Парагвај

„Чилаверт за претседател!“. Така скандираа многу Парагвајци уште за време на фудбалската кариера на фантастичнот голман познат и по одличното изведување слободни удари и пенали. Желбата можеби и ќе им се оствари. Легендата ќе се кандидиа за претседателските избори во својата татковина што ќе се одржат во 2023 година. Тоа го потврди и самиот Хозе Луис Чилаварт (55) со објава на социјалните мрежи, а многубројните фаnови веднаш тргнаа со позитивни реакции, пренесува „Јутарњи.хр“.

Според иборот на ФИФА, Чилаверт трипати беше најдобар голман во светот – 1995, 1997 и 1998 година. Веќе долго сега се бори против корупцијата и криминалот во Парагвај. Тој во фудбалската кариера има дури 12 големи трофеи, а следниот, тринаесеттиот, можеби ќе му биде претсдателски.

Чилаверт во 1999 година стана првиот голман во светската историја кој на еден натпревар постигна хет-трик (три гола), а во својата кариера има дадено вкупно 62 гола, од кои 16 од слободен удар.